Архуската конвенција го гарантира правото на здрава животна средина

Архуската конвенција (Ааrchus Convention) беше усвоена на 25 јуни 1998 година на Четвртата конференција за животна средина за Европа во градот Архус (Данска). Целта на нејзиното усвојување да ги заштити правата на секој поединец, сега и во иднина, да живее во здрава и чиста животна средина соодветна на неговото / нејзиното здравје и благосостојба. Правото на граѓаните да учествуваат во донесувањето одлуки во животната средина како и пристап до правда во случај ако се повредени претходните две права – нивна правна заштита.