Визијата на мрежата е да се зајакне свеста на граѓанските организации за прашања поврзани со животна средина со цел поголема вклученост во креирањето на општествени промени во однос на доброто владеење и носењето одлуки на локално ниво, а со тоа да се зголеми вклученоста на граѓанските организации во донесување одлуки од областа на животната средина на локално ниво. Истовремено, тоа ќе придонесе и за развој на граѓанскиот сектор како критична маса која активно се вклучува во процесот на носење одлуки и промовира општествени промени на локално ниво како и подобрена соработка помеѓу граѓанскиот сектор и локалната самоуправа на полето на донесување одлуки од областа на животна средина. Подобрената соработка помеѓу граѓанскиот сектор и локалната самоуправа треба да придонесе за остварување на општата цел и е нераскинлив процес од процесот на вклучување на јавноста во носењето на одлуките. Подобрената соработка меѓу граѓанските организации и меѓу нив и властите значително ќе се одрази на начинот на решавање и пристапот кон проблемите, потребите и приоритетите на граѓаните, кои индиректно придонесуваат за општествени промени.