Вклучи се за здрава животна средина: Паркиралиште за велосипеди во паркот „Јане Сандански“

with No Comments

На 10.08.2017 година, под мотото „Вклучи се за здрава животна средина!“ во паркот „Јане Сандански“, Центар за климатски промени во соработка со Општина Аеродром, одржаа промоција на поставениот вело-остров.

Целта е да се поттикне и олесни возењето велосипед, а со тоа и да се намали загадувањето на воздухот и бучавата во Скопје. Оваа активност е дел од акцискиот план за поголема вклученост на јавноста во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина, кој е изработен за Општина Аеродром за периодот 2017-2020 година, преку проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животна средина“ и е финансиран во рамките на програмата за акциски грантови на Цивика мобилитас, а спроведуван од Центар за климатски промени.

Во рамките на промоцијата, на која присуствуваа дечиња од градинките „Срничка“ и „Буба Мара“, за првите 100 учесници беа поделени флексибилни ленти и беџови брендирани со логото на проектот, донаторот и пораката за вклучување за поздрава животна средина.