Учество на јавност

Учеството на јавноста може да биде било кој процес каде мислењето на јавноста е директно вклучено во процесот на донесување на одлуки и дава целосно разгледување на учеството на јавнста во донесувањето на самата одлука. Учеството на јавноста е процес кој се состои од серија на активности и акции за даден проект се со цел да се информира јавноста но и да се добие некакво мислење од нивна страна. Учеството на јавноста е процес кој им овозможува на заинтересираните страни (оние кои имаат интерес или имаат удел во дадено прашање, поединци, групи, здруженија, заедници) да влијаат врз процесот на донесување на одлуки за области и теми кои влијаат врз нивното здравје и квалитет на живот. Многу важна работа во процесот на вклучување на јавноста е правилниот избор на начините како јавноста би се вклучила. Постојат различни начини за учество на јавноста кои зависат од потенцијалот за јавно влијание врз одлуката. Таквите начини се:

  • Информирање на јавноста со обезбедување на податоци и информации кои би помогнале да се разбере тематиката, опциите, решенијата,
  • Консултации со јавноста со цел добивање на повратна информација за одредени алтернативи или одлуки,
  • Вклучување на јавноста во процесот на донесување на одлуки со цел да се земат во предвид нивните ставови, посебно во развојот на критериумите за одлучување и опции,
  • Соработка со јавноста со цел развој на критериуми и алтернативи и идентификување на дадено решение.

Во зависност од тоа на кој начин јавноста ќе биде вклучена, вклучувањето на јавноста нуди употреба на различни алатки и техники за информирање, обезбедување на влезни податоци и во некои случаи градење на консензус и постигнување на договор. Вклучувањето на јавноста не само што е добра и потребна работа, всушност тоа е активност што резултира со добивање на подобри резултати за дадена тематика како и подобро управување со средината. Кога ќе биде добро осмислена, учеството на јавноста би резултирала со два значајни придобивки:

  • Подобрена комуникација помеѓу засегнатите страни со спроведување на одлуки кои се одраз на јавните интереси и вредности и
  • Развивање на долгорочни капацитети во здруженијата со цел решавање и управување со предизвиците кои ги разгледуваат социјалните прашања, често надминувајќи ги долгогодишните разлики и недоразбирања.

Учеството на јавноста придонесува кон донесување на подобри одлуки бидејќи носителите на одлуки имаат повеќе информации во форма на дополнителни факти, вредности и перспективи добиени преку учество на јавноста. Тие потоа може да ги вклучат најдобрите информации како и експертиза за засегнатите страни. Одлуките се применливи и одржливи бидејќи истите ги таргетираат потребите и интересите на сите засегнати страни вклучувајќи ги и ранливите/маргинализирани групи. Сите одлуки кои се добиени од процесите на вклучување на јавноста се сметаат како легитимни и се помалку предмет на оспорување. Носителите на одлуки кои во целост ги разбираат интересите на засегнатите страни исто така се подобри комуникатори, способни за објаснување и донесување на одлуки во однос на разбирање на засегнатите страни и на начин на кои се однесуваат нивните вредности и интереси.

Со цел воспоставување и одржување на ефикасно учество на јавноста носителите на одлуки мораат внимателно да размислат како ќе го подржат целиот процес. Некои важни елементи за успешно учество на јавноста се:

  • Доволно средства за спроведување на проектот – обезбедување на финансии и луѓе за поддршка на сите аспекти во процесот, вклучувајќи ја и процената на ситуацијата, теренските активности и добивање и инкорпорирање на учеството на јавноста,
  • Активно учество на јавноста во делот за комуникација – спроведување на обука за комуникација, меѓусебна соработка, управување со конфликти,
  • Интегритет – доверба и кредибилитет во власта се од суштинско значење за успешно вклучување на јавноста. Учеството на јавноста нема да биде успешна доколку носителите на одлуки се корумпирани или неискрени,
  • Доверба – знаењето и познавањата на јавноста ќе резултираат со донесување на подобри одлуки и учеството на јавноста ќе доведе до подобро управуавње со заедницата,
  • Можност за вклучување – обезбедување дека носителите на одлуки знаат како да ја вклучат јавноста во целиот процес и искористување на нивното знаење и способности за ефикасно учество во процесот,
  • Целосна транспарентност – навремено споделување на лесно разбирливи и достапни информации за едуцирање на јавноста за одредени прашања и опции.

Учеството на јавноста треба да се гледа како можност за донесување на моќни одлуки – решавање на проблемите во најширока можна мера и обезбедување на придобивка за сите засегнати страни. Кога процесот за вклучување на јавноста е спроведен успешно и навремено резултатите од истиот се широко прифатливи, применливи и одржливи.