Заеднички за подобра животна средина во Општина Карпош

with No Comments

Проектот е имплементиран од Центар за климатски промени во соработка со Општина Карпош и е субгрантиран во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ финансиран од Европската Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско општество и медиуми 2014, имплементиран од страна на Координативен Одбор за Волонтерски Услуги (ЦОСВ), Италија, подружница Прилеп во партнерство со ЦГИ Прилеп и ЖГИ Антико Скопје.

Проектот се спроведува на територија на Општина Карпош. Целна група се жителите на Општина Карпош (60 000 жители).

Времетраењето на проектот е 5 месеци поточно од март 2018 до август 2018 година.

Вкупниот буџет на проектот е: 365.060,00 МКД

Општата цел на проектот е зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на партиципативна демократија на локално ниво.

Во однос на специфичните цели на проектот дефинирани се две и тоа се:

  • Подобрена соработка на граѓанското општество и локалната самоуправа преку спроведување на заеднички акции и активности;
  • Зголемен број на спроведени заеднички акции помеѓу граѓаните и општината со цел подобрување на квалитетот на животната средина, здравјето и безбедноста на граѓаните во Општина Карпош.

Планираните активности се имплементирани во рамките на 5 главни компоненти и тоа:

  • 1. Спроведување на истражување за условите на животната средина и здравјето на граѓаните во Општина Карпош и утврдување на приоритетите во Општината
  • 2. Формирање на заедничка работна група за решавање на заедничките проблеми од областа на животната средина
  • 3. Спроведување на 3 заеднички активности за подобрување на условите на животната средина и здравјето на граѓаните
  • 4. Спроведување кампања за подигнување јавна свест за здрава животна средина и безбедност во сообраќајот

Очекуваните резултати од спроведувањето на проектот се:

  • Подобар квалитет на животната средина;
  • Подобрена безбедност и подобар квалитет на животот и здравјето на луѓето;
  • Зголемена и подобрена соработката меѓу граѓанското општество и Општината