Зајакнување на капацитетите на неформалната мрежа „Вклучи се, за здрава животна средина!

with No Comments

Центар за климатски промени, започна да го спроведува проектот „Зајакнување на капацитетите на неформалната мрежа, Вклучи се, за здрава животна средина“.

Проектот е суб-грантиран во рамките на проектот „Саморегулација на граѓански организации“, во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“ која ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС). Програмата е финансирана од Европската Унија.

Главна цел на проектот е Зајакнување на капацитетите на неформалната мрежа „Вклучи се, за здрава животна средина!“ за транспарентност и отчетно работење.

Специфични цели:

–  подобрување на транспарентноста и отчетноста на мрежата преку креирање на кодекси на однесување,

– подобрена вклученост на членките во донесувањето на одлуки и спроведување на кодексите за однесување за подобра транспарентност и отчетност.

За постигнување на целите на проектот планирани се пет активности:

  1. Изработка на правилник за отчетност и транспарентно работење за неформалната мрежа
  2. Организирање на тридневна работилница за 20 учесници за подигнување на  капацитетите на мрежата за отчетност и транспарентно работење
  3. Изработка на веб страна за мрежата
  4. Изработка на стратегија за работа на мрежата
  5. Изработка на правилник за добро управување

Очекуваните резултати од спроведувањето на проектот се:

  1. Подигнати капацитети на членките на мрежата за отчетност и транспарентно работење
  2. Развиена заедничка стратегија за работа на мрежата
  3. Воспоставена организациска структура во мрежата согласно изготвениот правилник за добро управување  

Времетраење на проектот е 6 месеци, од март до август 2020 година.