Целта на оваа мрежа е да се зголеми вклученоста на граѓанските организации во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина на локално ниво и да се зајакне свеста на граѓанските организации за прашања поврзани со животната средина со цел поголема вклученост во креирањето на општествени промени во однос на доброто владеење и носењето одлуки на локално ниво.

Право на членство во неформалната мрежа имаат Единиците на локалната самоуправа и Граѓански организации кои активно делуваат во областа на животната средина, климатски промени, промоција на одржлив развој, еко-туризам, рурален развој, заштита и управување со природата и сл.

Доколку Вашата Граѓанска организација е заинтересирана да биде дел од оваа неформална мрежа, потребно е да испрати пополнета пријава на следната Е – пошта: centarzaklimatskipromeni@yahoo.com