Неформалната мрежа „Вклучи се, за здрава животна средина“ е производ, односно резултат од проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина“, кој беше финансиран од Швајцарската Амбасада преку програмата Цивика Мобилитас. Истиот беше имплементиран од Центар за климатски промени во периодот од 01.07.2016 – 31.12.2017 година.

Мрежата беше формирана како мрежа од повеќе регионални мрежи (РМ На Југозападен регион, РМ на Пелагониски регион, РМ на Југоисточен регио, РМ на Источен регион и РМ на Скопски регион) во кои членуваат општини и здруженија на граѓани од таа општина со главна цел да придонесе кон зголемена вклученост на јавноста, преку информирање за настаните поврзани со носење одлуки, но и да врши евалуација на начинот на кој се вклучуваат ГО од страна на локалните власти во процесот на носење одлуки. Исто така формираната мрежа претставува практична алатка за подобрување на соработката помеѓу целните групи односно ГО и ЕЛС, со подеднаква вклученост и активност на двете страни со цел успешно фукнционирање на мрежата.

Официјално мрежата е формирана во декември 2017 година, од следните регионални неформални мрежи:

1. Регионална мрежа – Скопски регион

– Општина Аеродром

– Општина Карпош – Центар за истражување и информирање „Еко свест“- Скопје

– ЗГ„Ајде Македонија“-Скопје

2.  Регионална мрежа – Пелагониски регион

-Општина Ресен

– ЗГ „Глобал“ Битола

– ЗГ„Лотус Медиам“-Битола

3. Регионална мрежа – Југозападен регион

 – Општина Македонски Брод

– ЕД „Треска“ Македонски Брод

4. Регионална мрежа – Југоисточен регион

– Општина Струмица

– ЕД „Планетум“ Струмица

– Фондација за локален и ИТ развој (ФЛОРИТ) – Гевгелија

5. Регионална мрежа – Источен регион

– Општина Македонска Каменица

– ЕД „Здравец 2002“ Македонска Каменица

Целта на НМ е да го следи процесот и напредокот на вклучување на јавноста како и да игра улога на супервизор и коректор во начинот и степенот на вклучување на јавноста за прашања од областа на животна средина во општината.

Со цел активна работа на мрежата беа подготвени следните документи:

  • Деловник за работа на мрежата
  • Формулар за членство за единици на локална самоуправа
  • Формулар за членство за граѓански организации
  • Формулар за планирани активности
  • Формулар за мониторинг

Сите овие документи се достапни на веб страната на Центар за климатски промени https://ckp.org.mk/vklucise/

Воедно во рамките на проектот, а со цел отпочнување со работа на мрежата беа изготвени и Акциски планови за секоја општина чија цел е да ја подобри  соработката помеѓу Единиците на локалната самоуправа (ЕЛС), Граѓанските организации (ГО) и локалното население, како и да допринесе кон поголема вклученост на јавноста во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина. Во изработката на планот беа активно вклучени претставници од општината и граѓанскиот сектор, со што се потврдува посветеноста и заложбата на општината за спроведување на планот, вклучување на јавноста и активната соработка со граѓанскиот сектор. Акциските планови беа подготвени за периодот од 2017 до 2020 година, а неформалната мрежа ја следеше имплементацијата на акциите преку формуларот за мониторинг.

Во ноември 2018 година, Неформалната мрежа поднесе проектна апликација на повикот за мрежи објавен во рамките на проектот „Саморегулација на граѓански организации “ 19 11 ДФГ 301, со цел зајакнување на капацитетите на неформалната мрежа „Вклучи се, за здрава животна средина!“ за транспарентност и отчетно работење. Со овој проект се изработија правилникот за отчетност и транспарентно работење за неформалната мрежа кој даде насоки и обврски на управувачките органи на мрежата за изработка на потребните документи за отчетност и транспарентно работење, што овозможи мрежата да биде запознаена од страна на донаторите и општата јавност за нејзината работа. Воедно беше одржана и обука за членките на мрежата со што се подобрија капацитетите на членовите на мрежата, беше усвоен правилник за отчетност и транспарентност, беа предложени измени во начинот на работа а беше подготвена и оваа Стратегија за работа на мрежата. Целта на стратегијата е да се обезбедат насоки за финансиска одржливост на мрежата за период од 3 до 5 години. Воедно стратегијата ќе допринесе за привлекување на донатори за реализирање на проектни активности како и вклучување на нови членки во мрежата.