Мисијата на НМ е да го следи процесот и напредокот на вклучување на јавноста како и да игра улога на супервизор и коректор во начинот и степенот на вклучување на јавноста за прашања од областа на животна средина во општината. Воедно членовите на мрежата имаат за цел да ги спроведуваат активностите од три годишните акциски планови за поголема вклученост на јавноста во процесот на донесување одлуки во областа на животната средина.