Одржана акција за безбедност во сообраќајот во рамките на проектот „Заеднички за подобра животна средина во Општина Карпош“

with No Comments

Во рамките на проектот „Заеднички за подобра животна средина во Општина Карпош“ се одржа акција за безбедност во сообраќајот на локација пред ТЦ Скопје Сити Мол. Учениците од 4 – то одделение од ОУ Јан Амос Коменски од Општина Карпош денеска не учеа за сообраќајната култура. Учениците успешно ја завршија акцијата заедно со претставниците од Центар за климатски промени/Center for Climate Change, градоначалникот на Општина Карпош г-дин Стефан Богоев и претставници од СВР Скопје. Целта на акцијата беше да се подигне свеста на граѓаните за потребата од совесно учество во сообраќајот со што ќе се подобри квалитетот на живот на граѓаните во Општина Карпош. Акцијата се состоеше од делење едукативни материјали за безбедност во сообраќај и симболично укажување за почитување на сообраќајните знаци на сите учесници во сообраќајот – со помош на рачно изработени сообраќајни знаци. Се надеваме дека денес овие најмлади “полицајци“ допреа до граѓаните на Општина Карпош и го започнаа малиот чекор за големи промени.