Членовите на мрежата се согласија дека следните принципи и стратешки определби ќе бидат основа во нивното понатамошно работење и спроведување на активности во рамките на неформалната мрежа:
- Одржлива животна средина која се темели на зачувување и развој на капиталот на животната средина, човечкиот, социјалниот и креативниот/производниот капитал;
- Поддршка на локалните заедници – поддршка на нивните карактеристики, поддршка во реализација и имплементација на активности и проекти за здрава животна средина
- Поддршка на локални здруженија на граѓани, кои иако делуваат локално нивната работа е неопходна за развој на локалната заедница
- Поттикнување на учество на јавноста кое е неопходно за развој на демократските процеси и донесување одлуки реални и лесно спроведливи на локално ниво
- Подигнување на свеста за здрава животна средина затоа што свесните граѓани се клучни и неопходно во спроведувањето на политики и законите, вклучително и активната грижа за животната средина
- Развој на локални партнерства, неопходни за подобрување на животот на локално ниво
- Промоција на вмрежувањето, соработката, синергијата во развојните процеси, размена на знаења и искуства;
- Промоција и подршка на интегрални акции и секторско поврзување при нивно превземање од страна на локалните и националните институции.
Линк за симнување на стратегијата за неформалната мрежа „Вклучи се, за здрава животна средина!“.