Еколошкото друштво „Здравец 2002“

Еколошкото друштво „Здравец 2002“ е основано на 18.07.2002 година во Македонска Каменица. Во друштвото членуваат 100 лица, од кои  активни се 20 лица. Еколошкото друштво „Здравец 2002“ дејстува на територијата на општина Македонска Каменица и се залага за заштита на животната средина, градење на правилен однос на човекот кон својата околина и природна средина, едукација и јакнење на јавната свест. Цел на друштвото е: Подигнување на нивото на еколошка свест на општата јавност, едукација и информирање на граѓаните за актуелните еколошки проблеми.