Еко-свест

Еко-свест е здружение на граѓани основано на 18.09.2002 година,  а во 2008 година, Еко-свест го менува својот назив во „Центар за истражување и информирање за животната средина Еко-свест“ со цел најдобро да ја отслика својата дејност, мисија и визија.

Еко-свест од самиот почеток работи на темите тесно поврзани со заштитата на животната средина и тоа:

  • одржлив транспорт;
  • обновливи енергетски извори и енергетска ефикасност;
  • одржливо управување со отпадот;
  • заштита од хемикалии и тешки метали;
  • заштита од генетски модифицирани организми.

Како хоризонтални прашања кои ги тангира организацијата, но и нејзини главни определби се информирањето на едукацијата на граѓаните во Македонија, учеството на јавноста во донесувањето одлуки од област на животната средина, транспарентното и отчетното работење на јавните институции, јавни пари за јавни придобивки, пристап до правда во област на заштита на животната средина. Главната цел за формирањето на здружението лежи во потребата да се зголеми јавната свест за неопходноста од грижа за животната средина во Македонија, преку информирање, едуцирање и застапување.