Општина Карпош

Општината Карпош е општина во состав на градот Скопје и нејзините граници се дефинирани со Законот за Град Скопје (Службен весник на РМ, бр. 55/04). Општината зафаќа територија од 35 km2, на надморска височина од 362 m и е централно поставена во однос на територијалната организација на градот и се граничи со општините Бутел, Чаир, Центар, Кисела Вода, Сарај и Ѓорче Петров. Општината се граничи и со општините Чучер – Сандево и Сопиште, кои не се дел од Градот Скопје. Низ Општината тече реката Вардар и мал дел од реката Лепенец.

Општина Карпош е поделена на 14 единици т.н. месни заедници, од кои 12 се урбани единици, а само две (Бардовци и Горно Нерези) се рурални единици.