Општина Македонска Каменица

Општината Македонска Каменица се наоѓа во североисточниот дел на Република Македонија во подножјето на Осоговскиот масив. На исток граничи со општина Делчево, на југ со општина Виница на запад со општина Кочани а на север со општина Крива Паланка и државната граница со Република Бугарија. Зафаќа вкупна површина од 189 km2. Составена е од 9 населени места од кои 8 се рурални и тоа: Тодоровци, Луковица, Костин Дол, Косевица, Моштица, Дулица, Саса и Цера и населбата Македонска Каменица како општински центар. Се протега на надморска висина од 445 m (вливот на Р.Каменичка во Ез.Калиманци) до 2252 m (врвот Руен на Осоговските Планини).