Општина Ресен

Општината Ресен се наоѓа во Преспанската Котлина, во југозападниот дел на Република Македонија и опфаќа површина од 739 km2. Поделена на копно со 562 km2и вода со 177 km2, претставува посебна просторна целина, која географски се простира околу пресекот на 41-от степен СГШ и 21-от степен ИГД.

Општината Ресен се граничи со општините Охрид, Битола и Демир Хисар. Во општина Ресен  евидентирани се 44 топоними на места, од кои 43 се рурални, од нив 39 активни и 4 неактивни и една урбанизирана средина.

Општината Ресен е сместена во Преспанската котлина и ограничена со планините Баба (највисок врв Пелистер 2600 m) на исток и Галичица (2235 m) на запад. На север се планините Плакенска и Бигла (1933 m) а на југ на албанскиот дел со Горбач (1750 m) и нешто пониските ограноци на Галичица.