Општина Струмица
На крајниот југоисток на Република Македонија, веднаш под тромеѓето на меѓудржавните граници со Бугарија и Грција, на 410 22 ‘ северна географска ширина и 230 45’ источна географска должина и просечна надморска височина од 280 метри сместена е плодната Струмичка котлина, а во нејзиниот западен дел и истоимената општина Струмица, со површина од 321.89 km2. Во оваа општина живеат 54.676 жители населени во градот Струмица седиштето на општината и во останатите 24 населени места кои ја сочинуваат Струмичката општина. Нејзиниот низински дел е воедно и најгусто населено подрачје во Македонија, со 100 жители на 1 km2.
Целокупниот Струмички регион е поделен на ридско-планински во кој се застапени скалестите почви и рамничарски со алувијалните, смолниците, гајњачите и карбонатните видови почви. Поголем дел односно 46% од обработливите површини припаѓаат на рамничарскиот рељефен дел кои се наоѓат на надморска височина од 250-300 м и се од првостепено значење за земјоделството во регионот. Тоа се површините покрај речното корито на реките Струмица, Тркања и Крива Река. Останатите 52% од површините припаѓаат на падинскиот дел, а 2% на ридскиот рељефен дел.