Планетум

Планетум е здружение на граѓани основано во 1999 година од деветмина другари со желба за живеење во здрава животна средина и со ентузијазам дека заедно ќе можат да направат повеќе и ќе ги поттикнат и другите да ја чуваат животната средина за квалитетен и здрав живот. Почетоците на Планетум се поврзани со активности за намалување на пластичниот отпад поради неговото штетно влијание врз природата и животот на луѓето. Подоцна, справувањето со отпад остана стратешка определба на Планетум, заедно со други активности за заштита на животната средина од загадување и одржување на рамнотежа во природата. Денес Планетум е препознатлив по својата работа на прашања поврзани со отпад, заштита на природните реткости и богатства, зачувување и зголемување на зелените површини и рационално користење на природните ресурси.