Центар за климатски промени


Центарот за климатски промени (ЦКП) е основан во 2007 година и официјално регистриран во Јануари 2008, како невладина, нерелигиозна, неполитичка и непрофитна организација.

Мисијата на ЦКП е да ја штити животната средина и да имплементира активности за борба со климатските промени, со цел подобрување на животната средина. Главните цели на Центарот за климатски промени се:

  • Поддршка на индустријата со цел подобрување на нивните енергетски перформанси и перформансите во животната средина
  • Подигнување на јавната свест за климатските промени и можностите кои произлегуваат од Механизмот за чист развој (МЧЈ)
  • Предложување на мерки за подобрување и промена на законската рамка на полето на енергетиката, климатските промени и животната средина
  • Зајакнување на капацитетите на локалната и централната власт како и капацитетите на индустријата со цел развој на проекти за климатски промени и подобрување на перформансите во животната средина.
  • Промовирање и поддршка на владеење со животната средина, енергија и управување со животната средина

Визијата на Центарот за климатски промени е насочена кон намалување на јалеродниот диоксид и креирање на општество одговорно кон животната средина. Со цел да го постигнеме тоа, ЦКП ги насочува своите активности кон индустриска енергетска ефикасност, интегрирано спречување и контрола на загадувањето, управување со отпад, намалување и ублажување на климатските промени, управување со животна средина и енергетски менаџмент.

ЦКП е основан од луѓе кои имаат широко познавање за климатските промени, животната средина, управување и заштитата на животната средина, кои сакаат да ги споделат своите искуства со останатите и да обезбедат подршка за централните и локалните власти, особено во борбата со климатските промени и промовирање на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.